Дома Фудбал Англија Гигс убеден: Салах е се уште далеку од Роналдо

Гигс убеден: Салах е се уште далеку од Роналдо

Фудбалскиот свет е воодушевен од перформансите на Мохамед Салах оваа сезона и логично Египќанецот е најголем удат во утрешното финале од Лигата на шампиони.

Легендарниот Рајан Гигс исто така е воодушевен од Салах, но потенцираше дека не треба да се споредува со Роналдо и Меси.

„Салах е играч кој решава натпревари и оваа сезона одигра одлично. Оваа сезона покажа дека може да биде на ниво на Роналдо и Меси, но му претстои долг пат, бидејќи станува збор за фудбалери кој се на исто ниво цела деценија“, изјави Гигс.

„Роналдои и Меси блескаат во големи натпревари, на Салах му треба токму тоа, за ги решава најважните натпревари во сезоната, но подолго време. Салах треба да почне да освојува големи трофеи и да биде клучен во важни натпревари. Нема поголем натпревар од утрешното финале“, заклули Гигс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Целиот свет зборува за потегот на Рафиња! (Видео)

Рафиња постигна гол за Барселона против Елче, но вниманието по неговиот гол го привлече он…