Дома Фудбал Останато Гигс сигурен во себе: На критиките ќе им одговарам со победи

Гигс сигурен во себе: На критиките ќе им одговарам со победи

gigs

Oткако ја превземе репрезентацијата на Велс, Рајан Гигс се соочува и со првите критики.

Легендата на Манчестер Јунајтед, денес 44 годишниот Рајан Гигс во понеделникот беше именуван за нов селектор на Велс каде што наследи Крис Колмен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Покрај Гигс кандидати за наследници на Колмен беа Крег Белами, Осиан Робертс и Марк Боувен, но сојузот одлучи довербата да му ја даде на Гигс кој националниот дрес го носеше на 64 натпревари и постигна 12 погодоци.

„Горд сум што имам чест да го водам националниот тим. Предизвиците кои нас не очекуваат се навистина возбудливи со нетрпение чекам да започнам да работам со фудбалерите“, изјави Гигс на претставувањето.

Сепак, дел од навивачите не беа задоволни и преку социјалните мрежи испраќаа критики. Гигс беше критикуван за неговото залагање во националнот дрес бидејќи не настапил на ниту еден пријателски натпревар од 200 години.  Повод за критиките беа повредите на Арон Рамзи и Герет Бејл двете најголеми ѕвезди кои не е сигурно дали ќе одговорат на повиците на селекторот.

„Имав проблеми со повредите во својата кариера пропуштав многу натпревари за Јунајтед, не само за Велс. Критиките се нешто на кое морате да се навикнете, а најдобар начин да им одговорите се победите. Сепак, јас не гледам никаква поврзаност помеѓу мене и Бејл или Рамзи, тие споредби не се фер“, изјави Гигс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо најплатен спортист, заработува двојно повеќе од Меси

Магазинот „Форбс“ ја објави листата на најплатени спортисти на која доминира Кристиано Рон…