Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс призна дека најголемиот ривал на Јунајтед, Ливерпул имаше одлична сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Гигс вели дека тој факт, како навивач на Јунајтед, го боли, но сепак вреди да се признае.
„Мислам дека ова што го видовме оваа сезона во Ливерпул е еден силен тим кој го води одличен тренер. Ме боли тоа да го кажам како навивач на Јунајтед, но навистина имаа фантастична сезона.“ – изјави Гигс.
Црвените моментално се убедливо први во ПЛ со 25 бода повеќе во однос на Манчестер Сити и скоро сигурно ќе ја освојат титулата на крајот од сезоната.
Премиер лигата продолжува на 17. јуни со натпреварите од 28. коло.