Барселона во дербито со минимални 0:1 го победи Атлетико Мадрид. Голот го постигна Меси, а Гризман за гостите го одигра целиот натпревар.
Гризман се врати на „Ванда Метрополитано“ каде во последните години беше вистински херој и љубител на Јорганџиите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, неговото заминување во Барселона поголемиот дел од навивачите на Атлетико го сфатија како предавство и очекувано имаше “топло добредојде“.
Домашните навивачи во текот на целиот натпревар го провоцираа Французинот, а на моменти од трибините се слушаа и извици дека Гризман треба да умре.
Гризман и пред натпреварот си поигра со огнот бидејќи во тунелот на стадионот ја допре сликата на Диего Симеоне.
Гест кој сигурно нема да му се допадне на Симеоне, но и на навивачите на Атлетико.
? @AntoGriezmann is back at the Wanda Metropolitano ahead of #AtletiBarça!
— BT Media (@BTVideoClips) December 1, 2019
pic.twitter.com/nZrNUfmUXT