Германија вчера беше елиминирана од Мундијалот и тоа веќе е добро познато во фудбалскиот свет.
Уште во текот на вчерашниот ден започнаа разни шеги на сметка на се уште актуелниот светски шампион, а денес истите само продолжија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како причина за исмевање сега е автобусот со кој пристигнаа Германците на Мундијалот. Интересен беше натписот на автобусот: „Одиме заедно да испишеме историја“, стоеше на автобусот.
Сега овој натпис звучи многу смешно бидејќи Германците навистина испишаа историја – испаднаа за прв пат во групната фаза. Значи, оваа генерација ќе остане запаметена, но не по добро, барем не за овој Мундијал.
"Let's write history together."
Germany's players are on their way home after their historic early #WorldCup exit. pic.twitter.com/8u2Js9SekW
— DW Sports (@dw_sports) June 28, 2018