Дома Фудбал Германците за натпреварот во Скопје ќе купуваат карти по цена од пет евра

Германците за натпреварот во Скопје ќе купуваат карти по цена од пет евра

Во германската репрезентација веќе се организираат за патувањето на нивните навивачи за натпреварот на 11. октомври.

Македонија ја шокираше Германија во натпреварот во Дуисбург на стартот на квалификациите, па сигурно дека кај Германците има желба за одмазда. За натпреварот со Македонија тие веќе можат да купуваат билети и за нив цената е пет евра (300 денари).

Германците потенцираат дека во зависност од заинтересираноста, односно ако има поголем број побарувачки од предвидениот број добитниците ќе се избираат на лотарија. Во текстот тие напоменуваат и дека Македонија е во црвената зона поради активните случаи на Ковид-19 во земјава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новата генерација на Македонија У21 на проверка во Нови Сад со 24 фудбалери

Александар Таневски избра 24 играчи за контролата со Србија на 12 ноември. Дуелот е насоче…