Дома Трансфер зона Германски репрезентативец пред трансфер во Милан

Германски репрезентативец пред трансфер во Милан

Ралф Рагник е на чекор од превземање на Милан и изгледа дека во наредните денови двете страни ќе стават потпис на договорот.

Тој од Милан побарал договор на пет години, но и големи овластувања. Наводно Рагник сака во клубот да доведе 20-тина свои луѓе и тоа доволно зборува колку сериозно го сфаќа целиот проект.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Германецот ќе добие голем буџет за трансфери, а една од неговите желби е и дефанзивецот на Фрајбург, Робин Кох.

Германскиот репрезентативец е на мета на многу европски гиганти, има договор до 2021 година и ова лето сигурно ќе ја промени средината.

Милан веќе започнал преговори со неговиот агент, а со помош на Рагник е спремен да ја победи конкуренцијата. Цената на трансферот би требало да изнесува 15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед почна преговори со дефанзивецот на Леверкузен

Манчестер Јунајтед почна преговори со дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, пр…