Дома Фудбал Гери Линекер ќе ја води жрепката за Мундијалот

Гери Линекер ќе ја води жрепката за Мундијалот

Светската фудбалска федерација (ФИФА) полека ги привршува подготовките за ждрепката која ќе ги одреди осумте групи на Светското првенство во Русија.

Извлекувањето на групите е закажано за 1 декември, ФИФА сè уште не објави кој ќе ги извлекува топчињата во кои ќе бидат имињата на репрезентациите, но соопшти кој ќе ја води програмата на церемонијата во Москва.

Тоа ќе бидат поранешниот англиски репрезентативец и најдобар стрелец на Мундијалот во Мексико во 1986 година, Гери Линекер, и руската новинарка Марија Команднаја.

Линекер и Команднаја во текот на извлекувањето на групите ќе имаат седум асистенти кои ќе бидат задолжени за извлекувањето на топчињата, а ФИФА наскоро ќе ги соопшти и нивните имиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Струга меѓу осумте во Купот, Шкемби доби и одговор од младите

Со победата од 2-0 над Беласица, Струга Трим Лум обезбеди четвртфинале во Купот. Бледи Шке…