Генералната проба за Светското првенство, Арапскиот куп кој се одржа од 30. ноември до 18. декември ја потврди спремноста на Катар за организација на Светрското првенство 2022 година.
Трофејот заврши во рацете на Алжирците кои во финалето го победија Тунис. После подоброто изведување на пенали, Катар заврши на треетото место, пред Египет. Триумфот во натпреварувањето бурно беше прославен на улиците низ Алжир.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Генералната проба успеа! Одлично организирано натпреварување како припрема за Мундијалот во 2022 година. Светскиот куп уште сега може да почне. Финалниот натпревар планирано се одигра на 18. декември, еден еден пред финалето на идниот планетарен турнир. Алжир после продолженија го победи Тунис со 2:0, но комплетниот турнир ги задоволи сите спортски аспекти“, пренесува Зоран Стојановиќ, српскиот новинар кој долги години е ангажиран во Катар.
Во неговите впечатоци се додава дека за првпат биле организирани фан-зони. На овој турнир не се точело алкохол, меѓутоа тоа ќе биде дозволено на Мундијалот. Катар своите натпревари ги играше пред 65.000 гледачи во идеални услови.