Дома Фудбал Англија Гвардиола: Јунајтед да се бори за титула? Ако потрошат уште малку пари, да!

Гвардиола: Јунајтед да се бори за титула? Ако потрошат уште малку пари, да!

Tренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола на прес-конференција зборуваше и за Манчестер Јунајтед кој го победи Њукасл и го освои првиот трофеј по шест години.

Трофејот во Лига Купот за Јунајтед беше прв откако претходно Жозе Мурињо ја освои Лигата на Европа пред шест години.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Му честитам на Јунајтед и Њукасл, одиграа одличен натпревар. Порано или подоцна мораа да освојат нешто“, започна Пеп.

Ќе потсетиме, Гвардиола претходно често пати беше критикуван дека неговите успеси во Сити се само затоа што клубот троши многу пари на засилување. Новинарите го запрашаа Гвардиола дали смета дека Јунајтед може да се бори за титула.

„Ако потрошат уште малку пари, да! Бидејќи досега не потрошија, зарем не?“, низ насмевка одговори Гвардиола.

„Се е тоа нормално. Јунајтед сега е во позција во која треба да биде. Факт е дека ние и Ливерпул имаше одлични успеси. Кога дојдов во Сити мислев дека Јунајтед ќе биде на врвот. Ерик (Тен Хаг) работи одлично“, истакна шпанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хит видео од прославата на Интер: Димарко се мачеше да се качи на пречката 🎥

Интер во понеделникот на „Сан Сиро“ го победи Милан со 1:2 и така ја обезбеди шампионската…