Дома Трансфер зона Гвардиола ја „краде“ ѕвездата на Атлетико Мадрид пред очите на Барса

Гвардиола ја „краде“ ѕвездата на Атлетико Мадрид пред очите на Барса

Англискиот шампион Манчестер Сити е блиску до договор со Атлетико Мадрид за трансфер на играчот за врска Саул Нигез, пренесува еминентниот „ЕСПН“.

Според медиумот менаџерот Пеп Гвардиола во Шпанецот гледа идеален наследник за Фернандињо, откако му пропадна обидот да го донесе Френки де Јонг од Ајакс, кој заврши во Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


24-годишниот Саул е еден од најдобрите играчи за врска во Примера и „јорганџиите“ се надеваат дека од неговата продажба ќе инкасираат 120 милиони евра, но „ЕСПН“ тврди дека се спремни да се разделат со играчот за понуда од 80 милиони евра.

Барселона веќе подолго време покажува интерес за Саул и сака да го донесе на „Камп Ноу“, но Манчестер Сити успеа да ја победи конкуренцијата и е пред реализација на трансферот.

https://youtu.be/zSyW0RtjHZ8

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…