Дома Фудбал Англија Гвардиола: Трофеите не се мерило, Биелса е подобар тренер од мене

Гвардиола: Трофеите не се мерило, Биелса е подобар тренер од мене

Пеп Гвардиола пред утрешниот натпревар помеѓу Сити и Јунајтед го опиша Марсело Биелса како подобар тренер од него.

Претходно Гвардиола изјави дека негова најголема инспирација бил Јохан Кројф, но не криеше и дека многу го цени Марсело Биелса кој исто така е еден од неговите идоли. Шпанскиот стратег се запозна со Биелса во Аргентина пред да ја започне тренерската кариера во Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Тој е човекот на кој најмногу му се воодушевувам во фудбалот – и како тренер и како личност. Тој е најпосебниот тренер гледајќи како ги води своите тимови. Марсело е уникатен. Никој не може да го имитира, тоа е невозможно. Не го гледам често, но времето поминато со него секогаш е задоволство“.

„Вредноста на тренерот не се брои во трофеи и наградите кои ги освоил. Моите тимови освоиле повеќе од неговите, но во смисла на играта и други работи, вклучувајќи го тука и водењето тренинзи тој е подобар од мене, јас сум далеку зад него. За Премиер лигата е одлично што тој е тука“, изјави Гвардиола.

Натпреварот помеѓу Лидс и Сити се игра утре од 18:30 часот, а Биелс потврди дека нашиот Езгјан Алиоски ќе биде стартер во овој натпревар (тука).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…