Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е силно заинтересиран за младиот напаѓач на Милан, Рафаел Леао.
22-годишниот Португалец пристигна на Сан Сиро пред две години, а оваа сезона буквално „експлодира“ и обезбеди повик во португалската репрезентација.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Гвардиола е „заљубен“ во играта на Леао и смета дека идеално би се вклопил во неговиот стил на игра бидејќи може да игра на повеќе позиции во нападот.
„Граѓаните“ спремаат богата понуда, но тешко дека ќе го убедат Милан да го пушти својот „бисер“.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека „росонерите“ веќе почнале преговори за продолжување на договорот со Леао и се спремни да ги одбијат сите понуди.