Ерик Тен Хаг во овој период е тренерот кој важи за фаворит на клупата на Манчестер Јунајтед, а Пеп Гвардиола кој го води градскиот ривал на „црвените ѓаволи“ порача дека Јунајтед нема да загреши ако го доведе Холаѓанецот.
Гвардиола добро го познава Тен Хаг затоа што во времето кога беше тренер на Баерн, Тен Хаг го водеше резерниот тим на гигантот од Минхен.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Според мене Тен Хаг е одличен тренер и Јунајтед нема да згреши ако го доведе. Кога бев во Баерн често бевме во контакт, неверојатно е колку е скромен. Доволно е да ги видите резултатите на Ајакс и играта на овој тим и ќе ви биде јасно каков тренер. Тој е тренер кој фудбалерите го обожаваат, додека навивачите уживаат гледајќи неговиот тим“, порача Гвардиола.
Ќе потсетиме, Ралф Рагник беше доведен како привремено решение до крајот на сезоната, а тогаш ќе пристигне нов стратег на кормилото на Јунајтед, засега Тен Хаг е фаворитот.