Манчестер Сити е силно заинтересиран за играчот на Реал Мадрид, Ашраф Хакими, кој моментално игра во Борусија Дортмунд како позајмен фудбалер.
Според договорот Хакими се пресели во Дортмунд на двегодишна позајмица која истекува на лето. Германскиот клуб сака да го задржи десниот бек уште една година, но Зидан сака да го врати во своите редови 21-годишниот Мароканец.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Хакими блеска во дресот на „милионерите“ и оваа сезона настапи на 40 меча на кои постигна 9 гола и запиша 10 асистенции.
Гвардиола внимателно ја следи ситуацијата и сака да го купи десниот бек ова лето, така што за неговиот потпис на Реал Мадрид ќе му понуди 60 милиони евра.
Реал е спремен да ја прифати таа сума бидејќи Хакими нема да биде прв избор кај Зидан, но трансферот ќе зависи од одлуката на Спортскиот суд и дали Манчестер Сити ќе игра следната сезона во Лигата на шампиони.
Man City have asked Real Madrid about the availability of Achraf Hakimi (21). City see the player's €60 million price tag as 'feasible', and should their CAS appeal go in their favour, they will make a move for the defender. pic.twitter.com/1B4ALVaNil
— Transfer News (@TransfersLlVE) June 15, 2020