Младите Шпанци ова лето го освоија Европското првенство за играчи до 21 година, а еден од играчите кои блесна е сигурно Дани Олмо.
Крилниот напаѓач на Динамо Загреб игра фантастично и веќе го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За Олмо интерес покажуваат Манчестер Јунајтед, Милан, но сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Манчестер Сити.
Англиските медиуми пренесуваат дека Гвардиола силно го посакува својот сонародник и сака да го донесе во јануари, па веќе спремил понуда од 40 милиони фунти.
„Тој беше во академијата на Барселона и нормално дека таму се сите добри играчи. Имаше храброст да замине во Хрватска и за сега тоа делува совршено, на ЕП за играчи до 21 година беше еден од најдобрите“, изјави Гвардиола пред дуелот со Динамо Загреб.