Каталонецот бесен после новата повреда во неговиот тим.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола упати јавна порака до ФА после новата повреда на неговиот фудбалер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Лирој Сане ќе мора да оди на подолга пауза откако во натпреварот од ФА купот против Кардиф заработи повреда на зглобот.
„Единствената работа за која тие треба да се грижат е да ги заштитат фудбалерите. Не само на Манчестер Сити, туку сите фудбалери. Заштитете ги ве молам вас, вакви работи не треба да се повторуваат. Фудбалерите се уметници и треба да се грижиме за нив. Секој тим може да игра како што сака, но тука се судиите за тоа да го дозволат или запрат“ , изјави Пеп.
Се уште не е познато колку Сане ќе пазуира, но јасно е дека го чека подолга пауза.