Пеп Гвардиола во една прилика оваа сезона откри дека негова омилена актерка е Џулија Робертс, истакнувајќи како таа во една ситуација го повредила.
„Ќе ви откријам една тајна. Без разлика што ќе се случи оваа година, дури и ако ја освоиме Лигата на шампионите или да освоиме три ЛШ во низа, јас ќе бидам губитник. Имам тројца идоли во мојот живот, Мајкл Џордан, Тајгер Вудс и Џулија Роберс“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Пред неколку години Џулија Робертс дојде во Манчестер. Не во 90-тите кога Фергусон освојуваше титули со Јунајтед. Дојде во период кога ние бевме подобри, а таа отиде да го посети Манчестер Јунајтед, не дојде кај нас! Затоа дури и ако ја освоиме Лигатан а шампионите, тоа не е споредливо со фактот што Џулија Робертс дојде во Манчестер и не дојде да не види нас“, раскажа тогаш Пеп.
Сега откако Манчестер Сити ја освои титулата Пеп ја доби веројатно за него омилената честитка – токму од Џулија Робертс.
На својот Инстаграм профил аткерката објави фотографија од шпанскиот стратег со освоениот трофеј од најелитното европско натпреварување.