Дома Фудбал Англија Гвардиола: Преговаравме за да го доведеме Кејн

Гвардиола: Преговаравме за да го доведеме Кејн

Пред денешниот натпревар против Тотенхем стратегот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола потврди дека се обиделе да го доведат Хари Кејн.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Манчестер Сити се обидуваше да доведе напаѓач после заминувањето на Агуеро во Барселона минатото лето, Хари Кејн беше главната мета, но не дошло до договор со Тотенхем. Гвардиола посочи дека трансферот не се реализирал затоа што Тотенхем од самиот почеток на преговорите имал став дека не сака да го продаде.

„Сакавме да доведеме напаѓач, преговаравме, но бевме предалеку од договор затоа што Тотенхем од самиот старт на преговорите стави до знаење дека не сака ништо да се случи“, изјави Гвардиола.

Натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Тотенхем во Премиер лигата се игра денес од 18:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лудило со 10 голови: Англија ја совлада Франција за трето место на СП (Видео)

Англија го освои третото место на Светското првенство по спектакуларната победа од 6-4 про…