Добри вести за Манчестер Сити.
„Граѓаните“ утре од 16:00 часот играат против Барнли во рамките од деветото кол ово Премиер лигата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Пеп Гвардиола на конференцијата за медиумите пред овој натпревар откри дека на овој натпревар на теренот ќе се врати Кевин Де Брујн кој подолго време е надвор од терените поради повреда.
Тој се врати на тренинзите и пред репрезентативната пауза, а во претходните две недели усепа да го достигне потребното ниво на физичка спремност и да се најде во комбинација за утрешната средба.
Од друга страна пак Пеп не ќе може да смета на Илкај Гундоган поради повреда.
Под знак прашалник е и настапот на Бернардо Силва кој го пропушти вториот натпревар за Португалија во репрезентативниот циклус. Данило заработи повреда на зглобот додека беше со репезентацијата на Бразил, додека на терен е спремен да се врати и Фабијан Делф.