Дома Фудбал Англија Гвардиола: Постои само еден играч кој може да го замени Де Брујне

Гвардиола: Постои само еден играч кој може да го замени Де Брујне

Се погласни се шпекулациите дека Кевин де Брујне ќе го напушти Манчестер Сити и кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.

Де Брујне со години беше главен играч кај „граѓаните“ и еден од најдобрите играчи за врска во светот, па на Сити нема да му биде лесно да најде замена.

Гвардиола знае кој играч би бил идеална замена за Де Брујне, но неговиот ангажман е скоро невозможен, а станува збор за Џуд Белингам.

„Мислам дека во моментов идеална замена за него би бил само Џуд Белингем, но тој трансфер се граничи со научна фантастика. Тој е член на Реал Мадрид и оттаму играчите многу тешко заминуваат. Ќе видиме, летото е долго“, рече Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аталанта го прекина низот порази со победа над Венеција

Аталанта ја прекина низата од три порази со победа од 3-1 против Венеција, благодарение на…