Пеп Гвардиола беше многу уморен откако Манчестер Сити ја освои Лигата на шампионите, прва во историјата.
Пеп Гвардиола го „отстрани проклетството“ и по 12 години го освои трофејот во Лигата на шампионите. Многумина велеа дека не може да стигне до овој трофеј без Лионел Меси и на крајот сепак докажа дека може, иако Манчестер Сити не доминираше против Интер како што претпоставуваа многумина пред финалето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Не изгледаа одлично, но голот на големиот Родри го донесе првиот трофеј од Лигата на шампионите на излозите на клубот од „Етихад“.
Една од причините за лошиот настап е заморот, па Гвардиола по мечот ги „тресна“ УЕФА и ФИФА.
Ги повикувам добро да размислат за сето ова. Ова беше навистина премногу…“, изјави Гвардиола, кој делуваше целосно исцрпено додека се обрати пред новинарите.
„Не бевме на највисоко ниво. По Светското првенство во Катар ја подобривме формата, но не одигравме најдобро на овој натпревар. Немам сила и енергија да размислувам за следната сезона, тоа е невозможно.
Сега ни треба пауза, оваа сезона беше предолга. Фудбалерите сега ги чекаат репрезентативните натпревари, откако цела сезона треба да одиграат нови натпревари. Ги повикувам УЕФА и ФИФА да размислат за тоа…“, заклучи Гвардиола.
Еден од најдобрите тренери на сите времиња објасни дека прославата на титулата ќе биде во хотел со семејствата и пријателите, пред парадата во Манчестер во понеделник, и не сакаше да каже ниту збор за следната сезона. Кога новинарите ќе го поставија првото прашање на таа тема, „падна“на масата и рече да го оставиме на мира.
“Знаеш што ми кажа шефот? Финалето на Лигата на шампионите е во Лондон следната година, а јас нема да ти го кажам мојот одговор бидејќи тоа не би било соодветно. Не можам да зборувам за следната сезона, само ќе кажам – едвај ја чекам парадата“, заклучи Гвардиола.