После големата победа на Арсенал (4:1), Пеп Гвардиола ги предупреди играчите дека трката за титулата се уште не е решена.
Сити сега има само два бода помалку од Арсенал, но и два меча помалку, па сега се е во рацете на „граѓаните“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Не е готова трката за титулата. Има уште седум меча за играње, а тоа не е малку. Се сеќавам што се случи есеноска после победата над Арсенал, на следниот меч одигравме нерешено со Нотингем Форест. Сега треба да играме против Фулам кој е неверојатен тим“.
„Го познавам Микел Артета, сигурен сум дека Арсенал нема да се откаже и да се предаде. Да имавме 10 бода предност ќе кажев дека е готово, но ние имаме негатива од два бода. Ако сезоната заврши денеска, Арсенал ќе биде шампион. Титулата во Премиер лигата ни е подеднакво важна како таа во Лигата на шампионите, не даваме приоритет на ниту едно натпреварување“, изјави Гвардиола.