Манчестер Сити не се откажува од Ријад Марез, но и Лестер не попушта, ова ќе биде трансфер сагата која веројатно ќе биде актуелна до последнта минута од преодниот рок кој завршува вечерва во 23 часот.
Имено, откако „лисиците“ одбија две понуди од „граѓаните“ од кои последната изнесуваше 55 милиони фунти, сега „граѓаните“ се враќаат со нова, трета понуда.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како што пренесува „Скај Спорт’ Манчестер Сити испратил понуда од 65 милиони фунти за услугите на Алжирецот и сега се чека одговорот од Лестер кој претходно истакна дека не сака да го пушти својот фудбалер за сума помала од 90 милиони фунти.
Сепак, работите во таборот на „лисиците“ можеби се промениле по барањето на Марез да си замине.
Manchester City have made a fourth and final offer for Riyad Mahrez. The fee would be £65m including an unnamed player going in the other direction. Leicester are considering it. (Source: SkySports) #DeadlineDay pic.twitter.com/59nD1KBZXI
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 31, 2018