Дома Фудбал Лига на шампиони Гвардиола: Не знам како да го сопрам Меси!

Гвардиола: Не знам како да го сопрам Меси!

Тренерот на Манчестер Сити, Хосеп Гвардиола призна дека очекува тежок натпревар против Барселона и дека нема рецепт против Лео Меси.

Стратегот нема убави спомени од последното гостување во Барселона, во 2015 со Баерн Минхен загуби со 3-0 во полуфиналето од Лигата на Шампионите.

Тогаш Лео Меси со два гола ги реши Баварците а Аргентинецот и вечерва ќе биде главна опасност по голот на „гаѓаните“.

„Се уште не знам што да им кажам на дефанзивците за тоа како да го сопрат Меси. Тој е голем талент и секогаш измислува нешто, како и другите двајца – Нејмар и Луис Суарез. 90 минути е многу време и тие сигурно ќе имаат шанса да ни постигнат гол. Доста се прецизни и сигурно ќе одбележат, ако не од првата, од втората можност“, прокоментира Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Потресно признание на млад фудбалер: „Таа беше љубовта на мојот живот, не сакам да продолжам со животот…“

Младиот фудбалер на Ајакс, Марк Веркајл, за прв пат јавно проговори за најголемата трагеди…