Дома Фудбал Останато Гвардиола на клупата на Аргентина до 2022 година?

Гвардиола на клупата на Аргентина до 2022 година?

После дебаклот на Мундијалот во Русија, челниците на Фудбалскиот сојуз на Аргентина сакаат репрезентацијата да ја води еден од најдобрите тренери во светот, а изборот падна на Пеп Гвардиола.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Така барем пренесуваат медиумите во Аргентина и наведуваат дека после смената на Сампаоли единствено Гвардиола би можел да биде долгорочно решение за „гаучосите“. Се спомнува дека Пеп би можел да добие 12 милиони долари годишно до 2022 година!

Инетресно, актуелниот тренер на Манчестер Сити е голем пријател со Лео Меси, што секако би можела да биде предност при евентуални преговори.

Медиумите тврдат дека Фудбалскиот сојуз на Аргентина ќе му дозволи да биде истовремето тренер на Сити и селектор на „гаучосите“, но за тоа секако главниот збор ќе го имаат „граѓаните“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сонот на Нејмар живее: Се најде на поширокиот список на Анчелоти!

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар ќе се најде на прелиминарната листа на бразилската реп…