Гвардиола зборуваше со новинарите пред утрешниот натпревар против Лутон и му одговори и на Родри, кој потенцирше дека е преморен и дека му треба одмор.
„Ако играчот не сака да игра, тогаш нема да игра, тоа е едноставно“, рече Гвардиола и продолжи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Погледнете ги нашите натпревари и тогаш ќе сфатите. Тој е толку важен за квалитетот што го дава. Имам чувство дека на натпреварите кога беше уморен како против Кристал Палас и Реал Мадрид, беше подобар во второто полувреме. Трча повеќе и беше попрецизен во второто отколку во првото полувреме. Повеќе од физичкиот аспект, тоа е случај на трошење ментална енергија. Играње на секои три дена, три дена. Секако дека е уморен, игра многу минути“.