Левандовски веќе не крие дека негова желба е да продолжи во Барселона.
Меѓутоа во Барселона проблем е финансиската ситуација, Каталонците имаат нешто подобра ситуација од минатата година, меѓутоа се уште тоа е далеку од нивото на кое треба да биде за нормално да функционира таков гигант.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Засега не е јасно дали Барселона може да си дозволи да плати оштета колку што ќе бара Баерн. Поранешниот стратег на Барселона, Пеп Гвардиола добро ги познава Каталонците и смета дека полскиот голгетер одлично би се вклопил.
„Левандовски одлично би се вклопил во Барселона, тој би се вклопил во секој клуб, но не знам дали Барселона ќе има пари да го доведе, нивната финансиска ситуација не е најдобра. Освен тоа тој има и договор со Баерн“, изјави Гвардиола.
Ќе потсетиме, договорот на Левандовски со Баерн истекува наредната година.