Манчестер Јунајтед во зимскиот преоден рок сака да донесе ново засилување на левата бековска позиција, пренесуваат англиските медиуми.
Гвардиола не е задоволен од Бенџамин Менди и сака долгорочно да го реши проблемот на таа позиција, па го сака најдобриот лев бек во Премиер лигата, Бен Чилвел од Лестер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
21-годишниот фудбалери неодамна стави потпис на нов договор со „лисиците“ до 2024 година, па за „граѓаните“ воопшто нема да им биде лесен овој трансфер.
Чилвел игра феноменална сезона за Лестер каде ги започна сите 16 меча оваа сезона и важи за еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата.
Манчестер Сити сака да го донесе уште во зимскиот преоден рок и веќе спремиле понуда од 50 милиони фунти, па веруваат дека ќе биде доволна да го убедат Лестер да го пушти играчот.
Доколку не успеат да го реализираат трансферот во јануари, тогаш Бен Чилвел ќе биде примарна цел на „граѓаните“ следното лето.
Manchester City are plotting a stunning move for £50m-rated Leicester defender Ben Chilwell. (Source: Daily Mirror) pic.twitter.com/1vlHZufH63
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) December 14, 2018