Дома Фудбал Англија Гвардиола за Халанд: Сити доби фантастичен играч кој ќе биде тука многу години

Гвардиола за Халанд: Сити доби фантастичен играч кој ќе биде тука многу години

Tренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола после убедливата победа против Вулвс во Премиерл игата зборуваше за доаѓањето на Ерлинг Халанд во редовите на „граѓаните“.

Шпанскиот стратег е убеден дека младиот Норвежанец совршено ќе се вклопи во неговата концепција.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Мислам дека доведувањето на Халанд е одличен потег за иднината на клубот. Добивме одличен напаѓач кој сигурно многу години ќе го носи дресот на Сити. Ја сакам својата работа и среќен сум што ќе работам со уште еден голем ас, големите играчи прават добри менаџери“, истакна Гвардиола.

Пеп истакна дека поред Халанд нема да поставува голгетерски цели.

„Нема да има апсолутно никаков притисок. Одбраната никогаш не зависи само од стоперите, па така ни нападот од напаѓачите. Важно е да победуваме како тим и секој да има свој сопринос. Халанд сигурно дека ќе ни донесе дополнителен квалитет“, порача шпанскиот стратег.

На два кола пред крајот од првенството Ливерпул има три бода повеќе од Сити и подобра гол разлика. Во следното коло „граѓаните“ гостуваат на Вест Хем, а во последното ја пречекуваат Астон Вила.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…