Дома Фудбал Лига на шампиони Гвардиола за тинејџерот на Борусија: Можеби лаже за годините, предобар е за 17 годишник

Гвардиола за тинејџерот на Борусија: Можеби лаже за годините, предобар е за 17 годишник

Борусија Дортмунд не успеа преку Манчестер Сити да стигне до полуфиналето во Лигата на шампионите.

Англискиот шампион славеше со 2:1 и така се пласираше помеѓу најдобрите четири тима во Европа каде што ги чека двомеч со ПСЖ.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Одлични натпревари против Сити одигра талентираниот Џуд Белингам кој само уште еднаш потврди дека има голем квалитет.

Белингам во реваншот беше стрелец на голот за Борусија, а пофалби после натпреварот доби и и од тренерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола.

„Не можам да верувам. Можеби лаже за годините. Предобар е за еден 17 годишник“, изјави Пеп после натпреварот.

Белингам во Борусија пристигна летото 2020 година од Бирмингем за 25 милиони евра и со неговото доведувае тимот од Дортмунд покажа дека знае што прави. Интерес за неговите услуги тогаш покажаа Баерн и Јунајтед, но тинејџерот ги избра „милионерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Први реакции од Албанија: Србија не требаше да биде во наша група, нема мир помеѓу Србите и Албанците!

Селекторот на албанската фудбалска репрезентација, Силвињо, го коментираше извлекувањето з…