Дома Фудбал Англија Гвардиола за проблемите со слетувањето: Снимките беа страшни, си помисливме дека сешто може да ни се случи

Гвардиола за проблемите со слетувањето: Снимките беа страшни, си помисливме дека сешто може да ни се случи

Maнчестер Сити имаше непријатно враќање од Португалија после победата против Спортинг од 5:0 во осминафиналето од Лигата на шампионите.

На прес-конференцијата пред утрешниот натпревар против Тотенхем тренерот на „граѓените“ Пеп Гвардиола зборуваше и за овој непријатен момент и пилотот кој управувал со авионот го истакна како херој.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Ги гледавме снимките беа навистина страшни. Во тие моменти си мислевме дека сешто може да ни се случи. Во еден момент слетавме, а потоа веднаш повторно се слушна моторот и повторно бевме во воздух. Знаев дека нешто се случува, за среќа имавме пилот кој беше одлично обучен и кој знаеше како и нас да не смири во тие моменти. Во Манчестер двапати се обидовме да слетаме, но на крајот мораше да одиме во Ливерпул. Пилотот беше херој, фантастично си ја заврши работата и сме му благодарни“, изјави Гвардиола.

Снимката од обидот за слетување на авионот можете да ја погледнете – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…