Дома Фудбал Англија Гвардиола за Нејмар нуди 120 милиони евра и Габриел Жезус

Гвардиола за Нејмар нуди 120 милиони евра и Габриел Жезус

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола наводно одлучил во својот тим да го доведе најскапиот фудбалер на светот Нејмар.

Според шпански Дон Балон, менаџерот на Граѓаните е спремен да му понуди на ПСЖ 120 милиони евра плус бразилскиот напаѓач Габриел Жезус, за во своите редови да го донесе Нејмар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наводно, Сити е спремен да го направи Бразилецот најскапо платен фудбалер на денешницата. Сепак, работата нема да биде лесна, бидејќи ПСЖ нема намера да се откаже од услугите на Нејмар.

Да потсетиме, Нејмар во летото 2017. година стана најскапиот фудбалер на светот. Парижаните на Барселона платија неверојатни 222 милиони евра, но од самото доаѓање во ПСЖ тој се поврзува со заминување.

Покрај Сити, за Нејмар сериозен интерес има и Реал Мадрид и Барселона, која има најголеми шанси во оваа борба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…