Жозе Мурињо беше разрешен од должноста менаџер на Манчестер Јунајтед и оваа вест од вчера е главна тема во спортските медиуми.
Манчестер Јунајтед заминувањето на Мурињо го потврди вчера, а пресуден после лошите резултати беше поразот од Ливерпул.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
После отказот Покетино, Клоп, Емери зборуваа на оваа тема, а се огласи и Пеп Гвардиола.
Пеп изрази поддршка за својот голем ривал.
„Јас сум на негова страна. Ние менаџерите сме сами. Тој е силен човек и наскоро ќе се врати“, изјави Гвардиола.
Коментари