Дома Фудбал Англија Гвардиола: Засилувања? Не, не, нема да трошиме ништо

Гвардиола: Засилувања? Не, не, нема да трошиме ништо

Манчестер Сити според зборовите на Пеп Гвардиола нема да купува нови играчи во текот на зимата.

Граѓаните и оваа сезона доминираат во Премиер лигата, а менаџерот Пеп Гвардиола смета дека сегашниот играчки кадар може да ја освои втората во низа титула и дека не му се потребни засилувања.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Не, не, нема да трошиме ништо. Задоволен сум од моменталниот тим, некои играчи ќе се вратат, па така нема да донесуваме нови.“ – порача менаџерот на Граѓаните.

Да потсетиме, изминатиот период се шпекулираше дека на Етихад би можел да пристигне Рубен Невес од Волвс, како и Иско од Реал, меѓутоа промени во соблекувалната очигледно нема да има.

Инаку, Сити моментално е прв во Премиер лигата со 35 освоени бодови, пред Ливерпул со 33.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед и Арсенал го сакаат Де Кетеларе

 Манчестер Јунајтед и Арсенал покажуваат сериозен интерес за белгискиот репрезентатив…