Шпанскиот тренер Пеп Гвардиола во разговор за „Фудбал Дејли“ призна дека себе си не се гледа како најдобар тренер на светот.
Многу полемики имаше во последните години околу тоа дали токму Гвардиола е најдобар светски тренер, а Шпанецот за себе кажа дека тоа не е вистина.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Пеп призна дека не би победувал ако во тимот нема добри играчи како што на пример има сега во Манчестер Сити.
„Што воопшто значи некој да е најдобар тренер? Никогаш не сум се чувствувал како најдобар, ниту кога освоив шест титули во низа во Барселона или три титули минатата сезона во Сити. Победував затоа што имав неверојатни играчи во големи клубови. Постојат феноменални тренери кои не работат во големи клубови и немаат вакви играчи. Јас сум добар, но не сум најдобар. Дајте ми екипа која нема играчи како Сити и нема да победувам“, изјави Пеп.
На Гвардиола многумина му замеруваат што во Баерн и Сити потроши многу пари на засилувања, но со овие два клуба не успеа да влезе ни во финалето од Лигата на шампионите.
?Reporter: "You're the best coach in the world?"
— Football Daily (@footballdaily) February 11, 2020
?Pep: "I was. What is the best coach? I never felt like the best, give me a team that isn't like Manchester City and I'm not going to win" pic.twitter.com/HdEdF8PVUI