Дома Трансфер зона Гвардиола го сака плејмејкерот на Милан

Гвардиола го сака плејмејкерот на Милан

Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за играчот за врска на Милан, Исмаил Бенасер.

Бенасер пристигна во Милан минатото лето за 16 милиони евра, а потоа беше прогласен за најдобар играч на Африканскиот Куп. Тој продолжи со добрите игри во Серија А, па е една од светлите точки кај „росонерите“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Бенасер има искуство во англискиот фудбал бидејќи потекнува од школата на Арсенал, а Гвардиола смета дека би бил идеално засилување за средниот ред.

22-годишниот Алжирец има одлична техника, а е исто така одличен и во дефанзивните обврски на теренот.

Покрај Сити за него интерес покажува и ПСЖ, а неговата цена во моментов изнесува 50 милиони евра, но Милан тешко дека ќе се откаже од него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер почна преговори со дефанзивецот на Реал

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…