Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за играчот за врска на Милан, Исмаил Бенасер.
Бенасер пристигна во Милан минатото лето за 16 милиони евра, а потоа беше прогласен за најдобар играч на Африканскиот Куп. Тој продолжи со добрите игри во Серија А, каде се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бенасер има искуство во англискиот фудбал бидејќи потекнува од школата на Арсенал, а Гвардиола смета дека би бил идеално засилување за средниот ред.
23-годишниот Алжирец има одлична техника, а е исто така одличен и во дефанзивните обврски на теренот.
Покрај Сити за него интерес покажува и ПСЖ, а неговата цена во моментов изнесува 50 милиони евра, но Милан тешко дека ќе се откаже од него.