Шпанските и англиските медиуми шпекулираат дека Гвардиола го посочил 24-годишниот фудбалер на Атлетико, Коке, како фудбалер кој може да ги реши проблемите кои Сити ги има во средниот ред.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Резултатите на Манчестер Сити не се на нивото на кое се очекуваше со доаѓањето на Гвардиола, а проблемите се зголемија со повредата на Илкај Гундоган за кого според некои прогнози оваа сезона е завршена.
Трансферот на Коке нема да биде лесен за реализација дури и за финансиски моќен клуб каков што е Манчестер Сити. Откупната клаузула која во договорот ја има шпанскиот репрезентативец изнесува 150 милиони евра.
Според медиумите во Шпанија и Англија, Атлетико и да се согласи да го продаде Коке, кој со Гризман е највлијателниот играч во тимот, тоа нема да биде за сума помала од 100 милиони евра.