Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Сити е силно заинтересиран за левиот бек на Јувентус, Алекс Сандро.
Менди има проблеми со повреди и не го покажува најдоброто од себе во Премиер лигата, па Гвардиола сака да донесе врвно засилување на таа позиција.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Алекс Сандро е прва мета на „граѓаните“, а веќе подолго време се шпекулира дека Бразилецот не е задоволен во Јувентус и дека може да си замине на лето.
Неговата цена изнесува околу 55 милиони евра, но Јувентус за возврат од Сити ќе бара еден играч. На радарот на „старата дама“ се Гундоган и Лерој Сане.
Меѓутоа, оваа трампа е невозможна во јануари, но италијанските медиуми тврдат дека е многу веријатно да биде реализирана следното лето.
Manchester City are considering a £50m move for Juventus' Brazilian full-back Alex Sandro. (Source: Sun Sport) pic.twitter.com/zgTW12bOPv
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 25, 2018