Дома Топ вести Гвардиола го носи својот омилен дефанзивец во Сити

Гвардиола го носи својот омилен дефанзивец во Сити

Англиските медиуми тврдат дека Пеп Гвардиола е подготвен да направи изненадувачки трансфер во летниот преоден рок.

Имено, Гвардиола ќе тргне по услугите на искусниот фудбалер на Јувентус, Леонардо Бонучи, кој еднаш веќе го напушти клубот за да се пресели во Милан.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Гвардиола има големи проблеми во одбраната, а еден од играчите кои требаше да претставува носечка сила, Џон Стоунс постојано се мачи со повреди, и оваа сезона одигра само 10 натпревари во Премиер лигата.

Пеп сака да ја засили одбраната со искусен стопер со оглед на фактот што Компани веќе замина, а на лето ќе замине и Отаменди.

Гвардиола не крие дека Бонучи е неговиот омилен дефанзивец и смета дека може да биде вистински лидер на одбранат на „граѓаните“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шведскиот репрезентивец кој беше во кома пуштен од болница, но се уште не може да оди и зборува

Шведскиот фудбалер Кристофер Олсон денеска ја напушти болницата во Копенхаген, откако мина…