Дома Топ вести Гвардиола во акција: Имал средба со Рабио, го убедува да го избере Сити

Гвардиола во акција: Имал средба со Рабио, го убедува да го избере Сити

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола лично се сретнал со плејмејкерот на ПСЖ, Адриен Рабио, за да го убеди Французинот да се пресели на „Етихад“ следното лето.

Иднината на Рабио е главна тема веќе подолго време бидејќи договорот на 23-годишниот фудбалер со ПСЖ истекува на крајот на сезоната, а ќе може да потпише преддоговор со нов клуб уште во јануари.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Тоа го прави Рабио интересен за многу европски гиганти кои буквално се „тепаат“ за неговиот потпис.

Француските медиуми откриваат дека Гвардиола лично се ангажирал да го убеди Рабио да го избере токму Манчестер Сити. Се тврди дека двајвцата имале средба минатата недела и дека поминала во позитивна атмосфера.

Барселона, Милан и Јувентус исто така покажуваат сериозен интерес за младиот Французин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…