Maнчестер Сити во наредните денови би можел да испрати нова понуда за Калид Кулибали, а според последната изјава на првиот човек на Наполи таа би можела да биде прифатена.
„Франс Фудбал“ објави дека се очекува Сити да испрати понуда од 70 милиони евра со одредени бонуси.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Таа сума би можела да биде доволна за Аурелио Де Лаурентис да го пушти 29 годишниот играч. Дека Кулибали, а и Милик може да заминат потврди Де Лаурентис.
„Кулибали и Милик имаат дозвола да заминат. Ако дојде вистинска понуда ќе ја прифатиме и ќе им доведеме замени. Ако не ќе го почекаме следното лето“, изјави контроверзниот сопственик на Наполи.
Францускиот медиум не пишува за должината на договорот, но се наведува дека платата на Сенегалецот ќе изнесува околу 12 милиони евра.