Дома Фудбал Англија Гвардиола: Агуеро наредната сезона ќе игра со најдобриот на сите времиња

Гвардиола: Агуеро наредната сезона ќе игра со најдобриот на сите времиња

Maнчестер Сити во последното коло од Премиер лигата убедливо го победи Евертон со 5:0, а два гола во овој натпревар постигна Серхио Агуеро кој така го сруши рекордот на Вејн Руни со 184 гола за ист премиерлигашки клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На Аргентинецот му истекува договорот и ќе го напушти Сити како слободен играч. Во медиумите долго се пишува дека ќе се пресели во Барселона, а после вчерашниот натпревар Гвардиола скоро и да го потврди тоа.

„Можеби ќе откријам тајна…Мислам дека е блиску до договор со клубот во моето срце, со Барселона. Ќе игра заедно со најдобриот на сите времиња, Меси. Сигурен сум дека ќе ужива, а можеби Барселона со него на теренот ќе биде многу подобра“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Историски преседан на ФИФА: Мундијал во две години!

Светското првенство во Саудиска Арабија во 2034 година би можело да донесе историски пресе…