Дома Македонски спорт Мак фудбал Гачевски на голот на Вардар прослави јубилеј!

Гачевски на голот на Вардар прослави јубилеј!

Во вчерашниот натпревар против Слога Виница кој Вардар го доби со 3:0, голманот Филип Гачевски стигна до еден јубилеј.

Вардарци успеаа да не примат гол, а тоа беше 100-ти натпревар на кој Гачевски не примил гол во дресот на најтрофејниот македонски клуб.

Гачевски за Вардар прво бранеше од 2015-та до 2020-та, а потоа по една година на Кипар се врати во редовите на црвено-црните.

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Гаштаров без страв пред Шкотска, Македонија бара излез од серијата порази

Младиот репрезентативец го дочекува гостувањето во Глазгов без притисок. Македонија вечерв…