Џенаро Гатузо е без работа од мај минатата година, кога го напушти Милан поради освоеното петто место во Серија А.
Милан делува дека денеска би посакувал да е токму таму затоа што се соочува со уште поголема криза, но во секој случај Гатузо би можел да добие нов ангажман.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Наводно, Фиорентина и Наполи размислуваат да ги отпуштат тренерите, а токму Гатузо е еден од кандидатите за тренерската позиција во екипите.
Наполи е во голема криза, па на „Сан Паоло“ загубија од Болоња, додека Фиорентина го запиша третиот пораз по ред.
Секако, и Гатузо треба да реши каде сака да се пресели, па наскоро се очекува конечна одлука.