Дома Трансфер зона Галатасарај летово доведе 11 играчи

Галатасарај летово доведе 11 играчи

Турскиот гигант Галатасарај промовираше уште еден играч во своите редови.

Поранешниот член на младинскиот тим на Атлетико Мадрид, Густаво Асунсао кој играше две сезони во португалски Фамаликао пристигнува во Истанбул.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Асунсао пристигнува на позајмица до крајот на сезоната и за него клубот ќе плати 100.000 евра со опција за откуп на договорот. Во кариерата Асунсао настапуваше и за селекциите на Барселона до 17 и до 23 години.

Неговото презиме во фудбалскиот свет е добро познато затоа што е син на пензионираниот фудбалер на Бразил, Пауло Асунсао.

Инаку, тој е 11. играч кој летово потпиша за Галатасарај. Пред него пристигнаа Виктор Нелсон, Александар Цикалдау, Беркан Кутлу, Олимпиу Моруцан, Барис Јилмас, Саша Беј, Патрик ван Анхолт, Ајтак Кара, Алпаслан Озтурк и Халил Дервисоглу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…