Многу често од некој фудбалер се има некакви очекувања, но на крајот се не завршува според планираното.
Италијанската „Газета дело Спорт“ сега објави листа од топ 10 најголеми промашувања во Серија А оваа сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На листата се најде и Марио Манџукиќ кој во Милан дојде со цел да го растерти Ибрахимовиќ, но од доаѓањето во Милано Манџукиќ се мачи со повредите и одигра четири натпревари без постигнат гол.
Уште еден Хрват има на листата, Никола Калиниќ. Калиниќ дојде во октомври од Атлетико во Верона и на 12 натпревари до сега не постигна ниту еден гол.
Разочара и Александар Коларов кој кој во Интер пристигна од Рома за 1.5 милиони евра. Коларов одигра 11 натпревари и забележа една асистенција.
Шпанецот Педро од Челзи дојде во Рома без оштета и за „сините“ одигра 32 натпревари во кои постигна пет гола и запиша една асистенција.
На листата се уште: Гари Медел, Томас Старкоша, Александар Кокорин, Роберто Инглезе, Сем Лемерс и. Амир Рахмани,