Дома Останати Ракомет Вчера ја видовме можеби најголемата слабост на Хрватска – ако има се случи ова против нас победата ќе биде на дофат!

Вчера ја видовме можеби најголемата слабост на Хрватска – ако има се случи ова против нас победата ќе биде на дофат!

Денес Македнија од 18:00 часот го најважниот натпревар досега на Светското првенство и противник ќе ни биде селекцијата на Хрватска.

Хрватите ќе бидат наш најголем тест досега и за прв пат од почетокот на овој Мундијал во еден натпревар не сме фаворити.

Репрезентацијата предводена од Червар, како и нас има две победи во првите две кола.

Но, еден сегмент од нивниот вчерашен натпревар против Јапонија привлекува внимение и токму тоа би можела да биде нашата најголема шанса.
Хрватска против Јапонија изгуби дури 19 топки!

Дека волку изгубени топки може да бидат еднакво на катастрофа потврди и самиот Червар.

„Изгубените топки мораме да намалиме, 19 се премногу! Тој број мора да биде под 10, се повеќе од тоа е катастрофа. Не смееме да си дозволиме такво нешто против Македонија тие го имаат Кире Лазаров“, порача Червар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар го промовираше новиот гостински дрес инспириран од 65. роденден! (Фото)

Ракометниот клуб Вардар денеска го претстави новиот гостински дрес за сезоната која следув…