Агентот на Кристиано Роналдо, Жорге Мендеш вчера имал средба со клупското раководство на Реал Мадрид за да разговара за иднината на Португалецот на „Сантиаго Бернабеу“.
Информацијата ја објави шпанската телевизија „El Chiringuito“, која не посочува за што точно се разговарало, но открива дека резултатите на разговорите не му се допаднале на Роналдо. Португалецот останал незадоволен од позицијата на клубот за неговата иднина.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Уште после финалето од Лигата на шампиони Роналдо крена голема прашија откако зборуваше во минато време за Реал Мадрид. Потоа ѕвездата на „кралевите“ истакна дека ќе ја открие својата иднина „после неколку дена“.
Тогаш стана јасно дека Роналдо не е задоволен на „Сантиаго Бернабеу“ и веднаш се појавија шпекуалции за негов евентуален трансфер во ПСЖ.
The meeting did not go well… #CristianoRonaldo #RealMadridhttps://t.co/BjoHg1WYrM
— AS English (@English_AS) June 6, 2018